Вархеји: Не се разговара за преговарачката рамка за Македонија, во Софија има комплетен застој

За преговарачката рамка за Македонија воопшто не се зборува, изјавил денеска во Брисел еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, одговарајќи на прашање на МИА дали Европската Комисија ќе гарантира дека конечната преговарачка рамка меѓу ЕУ и Северна Македонија нема да ги прекршува вредностите, правилата и принципите на ЕУ.

„Не сум запознаен со никаква преговарачка рамка, знам дека има комплетен застој во Софија, го поминувам речиси секој вторник во таа земја, без резултат, очигледно е дека внатрешната политика е способна да му наштети на кредибилитетот на ЕУ. Нема преговарачка рамка во овој момент“, вели Вархеји.

Тој, сепак се надева дека одржувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија и Албанија ќе се одржи за неколку дена.

„Нема причина да чекаме уште поради внатрешни политички прашања во Бугарија, се надевам дека зборуваме за денови, а не за месеци или години кога станува збор за првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија“, рече Оливер Вархеји, одговарајќи на прашање дали Украина и Молдавија би можеле да започнат преговори пред Скопје и Тирана откако двете земји денеска добија препорака за кандидатски статус за членство во ЕУ.

Претходно Вархеји имаше видео обраќање на Преспа форумот за дијалог во Охрид во кое што кажа дека „на четиригодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, важно е да се нагласи дека како што Грција и Северна Македонија можеа да го надминат нивниот спор и да го решат со заеднички договор, очекуваме Бугарија да ги зајакне нејзините напори и да го направи истото“.

Според Вархеи, Западен Балкан припаѓа во Европа и лидерите на ЕУ едногласно ја изразија поддршката за европската перспектива на регионот и оти соработка со западнобалканските партнери е геополитички избор на ЕУ.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе