Кабинет на премиерот

Вархеји му вети на Заев дека ЕК ќе продолжи да ѝ помага на Македонија

Подготовката на економско-инвестицискиот план за Западен Балкан, добрососедската политика, како и можноста за одржување прва меѓувладина конференција со ЕУ, биле дел од темите на денешниот работен состанок преку видео конференциска врска меѓу премиерот Зоран Заев и еврокомесарот за соседство и проширување на Европската Комисија Оливер Вархеји.

Еврокомсеарот Вархеји, информираат од владината прес-служба, истакнал дека Европската Комисија останува посветена на помошта и во човечки ресурси, но и финансиски кон Северна Македонија.

Вархеји, исто така, посочил дека во моментов траат последните подготовки околу економско-инвестицискиот план, чија цел е намалување на финансискиот јаз помеѓу Македонија и Европската Унија, како и дека во планот се предвидени речиси девет милијарди евра за регионот од Западен Балкан.

На состанокот, еврокомесарот Вархеји, меѓу другото, се интересирал и за приоритетите на новата Влада, како и за мерките кои во моментов се преземаат за намалување на последиците од коронавирусот и реформите во клучните ресори во земјата.

Премиерот Заев, се вели во соопштението, ја истакнал својата благодарност до ЕУ за поддршката во борбата со коронавирус кризата, истовремено презентирајќи ги приоритетите на Владата во следниот четиригодишен мандат.

„Реформите во безбедносниот систем, јавната администрација и правосудството се главниот фокус на новата Влада. Истовремено, за Владата претставува стратешки приоритет отворениот дијалог со сите општествени чинители вклучувајќи ја и опозицијата за сите клучни прашања и реформи кои се важни за напредокот на Северна Македонија“, додаде Заев.

Заев, исто така, го уверил еврокомесарот Вархеји дека како држава остануваме посветени на силна имплементација на европската агенда и техничките процеси кои не очекуваат. 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе