Пред Самитот во Брдо кај Крањ

Вархеи и дер Лајен сакаат Македонија и Западен Балкан да ги видат во ЕУ

Ние мора да ја преземеме нашата одговорност и да донесеме одлуки како што се отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, отворање кластери со Србија, забрзување на работата за кандидатурата на БиХ и визна либерализација за Косово, рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи по пристигнувањето на Самитот на ЕУ што ќе се одржи во Брдо кај Крањ, Словенија. Претхоно, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен изјави „Западен Балкан припаѓа на ЕУ. Ги сакаме во ЕУ. Ние сме едно европско семејство“.

Еврокмесарот Вархеи нагласи дека лидерите собрани на самитот ЕУ - Западен Балкан „ќе потврдат и јасно ќе кажат дека се посветени на целосната интеграција и членство на Западен Балкан во ЕУ.

„Задоволен сум од фактот дека Економскиот и инвестицискиот план, кој изнесува една третина од БДП на регионот или околу 30 милијарди евра, веќе почна да се спроведува. Тоа ќе ја забрза вистинската интеграција на општеството и економијата на Западен Балкан со ЕУ,“ подвлече Вархеи.

Претгседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен претходно изајави: „Сакаме да испратиме многу јасна порака, а тоа е дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ. Ги сакаме во ЕУ. Ние сме едно европско семејство. Ја делиме истата историја, вредности и убедена сум и иста судбина“.

Фон дер Лајен нагласи дека членките на ЕУ сакаат интеграција на Западен Балкан бидејќи знаат дека тоа е добро и за Западен Балкан и за ЕУ.

„Имаме заеднички интереси и заеднички можеме подобро да се развиваме. Интеграцијата на Западен Балкан во заедничкиот пазар мора да напредува. Мојата порака до Западен Балкан е – ние ве сакаме во ЕУ, продолжете со реформите, целта е пред очи“, рече претседателката на Европската комисија.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе