Вангелов, Кузманоски, Бегова и Несими добитници на наградата 11 Октомври

Добитници на државната награда „11 Октомври" во 2021 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на државата се професор д-р Атанас Вангелов, академскиот сликар Павле Кузманоски, актерката Бедиа Бегова и политикологот Махи Несими, соопшти Министерството за култура.

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври" донесе одлука државна награда „11 Октомври" за животно дело во областа на науката и образованието да му се додели на филологот професор д-р Атанас Вангелов. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на акадесмкиот сликар Павле Кузманоски, актерката Бедиа Бегова и политикологот Махи Несими.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2021 година во 12 часот во Собранието на Македонија.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе