„Директно мешање на висок функционер од МНР“

Ванчо Ѓорѓиев поднесе оставка од Заедничката комисија со Бугарија, ги повика колегите да „не ја виткаат кичмата“

Историчарот Ванчо Ѓорѓиев кој беше член на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија,  денеска поднесе оставка и преку соопштение ги изнесе причините за таквиот чекор.

„Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден (21.10.2021 година) на  XV редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР;

При такви околности, под влијание на двојното водство во македонскиот дел од Комисијата, се отстапи од утврдените принципи за консензуално носење одлуки по сите прашања; при што не беше испочитувано договореното на координативниот состанок од 20.10.2021 година;

Нагласувам дека изготвените и разменети предлог-идеи, донесени и разменети во текот на вчерашниот ден од страна на македонскиот дел од Комисијата за препораки за учебниците за VII одделение за македонските учебници, се без моја согласност;

Демонстрираните ставови на последната средба од страна на другите членови на македонскиот дел од Комисијата, не само што се во спротивност со Резолуцијата усвоена на 29.07.2021 година од македонското Собрание, со која се утврдуваат црвените линии во преговорите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, туку и со македонските национални интереси“, напиша Ѓорѓиев.

Тој ги охрабрува членовите на Комисијата кои повремено споделувале со него слични ставови и вредности, како што вели, да не ја „виткаат кичмата“.

 

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе