По тврдењата на СДСМ за брачниот пар Арсовски

Валидeн е документот, вели проверката на бугарското МВР за личната карта за која СДСМ тврди дека е на сопругот на Данела Арсовска

„Документот е валиден“, тоа е електронскиот одговор што го добивме на веб страницата на бугарското Министерство за внатрешни работи, во делот за административни електронски услуги, кога ги внесовме податоците од бугарската лична карта што ја објави СДСМ, а за која од партијата тврдат дека е на Ангел Арсовски, сопруг на кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска. Се обидовме да добиеме и официјален одговор од прес-службата на МВР на прашањето дали Данела Арсовска поседува бугарско државјанство и лична карта, но нѝ беше речено дека таква информација не можат да нѝ дадат.

Од прес-службата на бугарското МВР нѝ беше речено дека одговор на прашањето дали кандидатката за градоначалник на Скопје има бугарски документи треба да ѝ го поставиме неа, бидејќи се работи за лични документи и дека не е можно такви информации да откриваат.

„Без оглед дали лицето за кое прашувате вели дека не поседува бугарска лична карта, или пак тврди дека поседува, ние како МВР на други лица не можеме да даваме информации од личен карактер на граѓани“, нѝ рече во телефонски разговор портпаролка во бугрското МВР.

Во електронскиот дел на интернет страницата на бугарското МВР ги внесовме податоците од копијата на личната карта на Ангел Арсовски, што денеска ја објави СДСМ, и на веб страницата веднаш се добива потврда дека документот е валиден.

Принтскрин за валидност на личната карта на Ангел Арсовски

Од друга страна, како што тоа веќе го направија и новинари од бугарскиот медиум „24 часа“ внесувајќи ги податоците од Данела Арсовска, и нас нѝ се појави одговорот дека „документот не е валиден“, но во втор обид пак, дека документот е валиден.

Принтскрин за валидност на личната карта на Дан(и)ела Арсовска

И таквите „успешни“ и „неуспешни“ обиди нѝ се повторија неколку пати. Дали се работи за оптовареност на системот или грешки во системот, или пак за повремено лоши интернет врски, не може да тврдиме, но од бугарското МВР нѝ рекоа дека системот добро функционира.

Принтскрин за невалидност на личната карта на Дан(и)ела Арсовска

Но, можеби во прашање е бројот на личната карта кој на задната страна има една цифра повеќе и кога во системот ќе се внесат десет бројки, тогаш системот дава одговор дека има грешка и дека документот е невалиден. Кога ќе се внесат деветте бројки од предната страна на личната карта, тогаш одговорот е „документот е валиден“.

Инаку, Данела Арсовска негира дека поседува бугарско државјанство, вели дека станува збор за црна кампања. Повеќе пати нагласи дека нејзиното име е Данела, а не Даниела како што пишува на документите што ги објавува СДСМ.

Денеска Арсовска изјави: „Најавија дека сега повторно ќе бидат предмет на напади мојот татко, мајка, сопруг и дете. Тоа е и напад врз мене како нечие дете, нечија сопруга, нечија мајка. Никој не заслужува ваква црна кампања, никој не заслужува да биде предмет на монтажи, фалсификати и продуцирани видеа за да се исмеваат со некого. Никој во оваа земја не заслужува да биде понижуван и навредуван“.

Арсовска вчера најави дека ќе ангажира правен тим и дека ќе поднесе тужби кои нема да бидат без надоместок, а дека парите од судскиот спор ќе ги донира.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе