Предвремени парламентарни избори

В понеделник ќе гласаат 716 лица со ковид-19 и во самоизолација, а во вторник 8.852 болни, немоќни и хронично болни

Општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од лица позитивни на коронавирусот или во самоизолација за гласањето што треба да се спроведе утре, 13 јули во рамки на предвремените парламентарни избори в среда на 15 јули.

До ОИК пристигнале преку 770 вакви барања, а заболени од ковид-19 и лица во самоизолација ќе гласаат во 58 од вкупно 80 општини.

Според информациите од ДИК, се финализира комплетирањето на посебните избирачки одбори кои треба да го спроведат ова гласање, а се составени од тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

Во вторник, на 14 јули ќе гласаат болните, немоќните, хронично болните, лицата во затворите, во старските домови и во домашен притвор.

Според информациите од ДИК, од пријавени 9.499 болни, немоќни и хронично болни лица во ОИК прифатени се барањата на 8.852 лица кои согласно упатството на Комисијата поднеле соодветна медицинска документација за да докажат дека имаат потреба од гласање во сопствениот дом. Гласањето во вторник ќе го спроведат избирачките одбори.

За споредба, на минатите избори пријавени за гласање биле само 3.540 болни и немоќни лица.

На 15 јули, в среда ќе се гласа на 3.480 избирачки места во шесте изборни единици во земјата. Во 90 гласачки места има помалку од 10 гласачи кои според Законот ќе можат своето право на глас да го остварат во најблиското гласачко место. Граѓаните ќе може да се изјаснат за 1.578 кандидати на 15 партии и коалиции. Право на глас имаат 1.814.263 лица.  

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе