В четврток собраниска седница за доверба на Владата

Во Собранието денеска е доставено Барање за гласање за доверба на Владата и истото е архивирано од надлежните служби, информираат од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери, како што стои во соопштението, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање за доверба на Влада, а истата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно в четврток, 11 ноември, во 11.00 часот. Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата.

Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција кажа дека иако прашање за доверба на Владата можат да постават најмалку 20 пратеници, на денешната иницијатива што е доставена во парламентот има потписи од 61 пратеник.

Според собранискиот Деловник на седницата по поставеното прашање за доверба се води претрес. Право да го образложи прашањето за доверба на Владата има еден од пратениците кои го поставиле прашањето, во траење од најмногу 30 минути. Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратеници кои не се организирани во пратеничка група, а кои ќе учествуваат во претресот се определува во договор на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 15 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 20 минути.

Ако на Владата ѝ се изгласа недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на државата, и тогаш почнува да тече рокот од 10 дена за доделување на мандатот за состав на нова влада.

Според Уставот, Владата на која ѝ е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до избор на нова Влада. Ако на Владата ѝ се изгласа доверба, повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето го постави мнозинството од вкупниот број пратеници.

 

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе