Поранешниот министер за правда

Уверение за положен правосуден без диплома какво што има синот на Џафери издаваат сите универзитети, тврди Јашари

Поранешниот министер за правда, Аднан Јашари тврди дека со одредбите на законот за високо образование кој што се применуваше до 2010 година, сите студенти во сите универзитети, и државни и приватни, се стекнале со такви уверенија, а не само синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Јашари додава дека дека такви случаи немало само на Универзитетот на Југоисточна Европа, туку на сите високообразовни институции во државата. Ваквата изјава следува по откривање на 449-те случаи со прекршување на правилата за полагање на правосуден испит. 

„Студентот кај нас дипломира во 2009 година и во тој момент му е издадено уверение за завршени студии. Според законот за образование од 2009 година, не се правеше квалификација на високообразовни квалификации. Со одредбите на законот за високо образование кој што се применуваше до 2010 година, сите студенти во сите универзитети, и државни и приватни, се стекнале со такви уверенија, а не само дотичниот господин“, истакна Аднан Јашари, поранешен министер за правда, во вечерашната „Топ тема", во врска со 449-те случаи со прекршување на правилата за полагање на правосуден испит.

Меѓу студентите кој во скандалот што излезе во јавноста се најде и името на Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Но, Јашари вели дека такви случаи немало само на Универзитетот на Југоисточна Европа, туку на сите високообразовни институции во државата.

„Се издадени уверенија за завршени студии со кои се здобиле со 180 кредити, според Болоњскиот систем, односно степен 7/1. Но, вака било согласно одредбите од законот за високо образование. И за ова одговарам јас лично, ако не е така", го цитираше Јашари записникот од контролата на Државниот просветен инспекторат по барање на Државната комисија за спречување на корупција.

Понатаму, вели Јашари, сите уверенија, а не дипломи, како што се потенцира во одредени јавни настапи и медиуми.

„Во законот за образование, изготвен и донесен во 2008 година, во чија работна група бев член и професорот Давитковски, а претседател професорот Беличанец, се создаде обврска која беше на Собранието, не на владата, да изготви уредба што беше донесена кон крајот на 2010 година. Уредбата почна да се применува по шест месеци од денот на влегување во сила, негде во мај во 2011 година", дополни Јашари.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе