Утре жители на Шуто Оризари ќе одат на протест пред Град Скопје

Системското игнорирање на општина Шуто Оризари од страна на Советот и раководството на Град Скопје не поминува незабележано од граѓаните. Токму затоа граѓаните на Шуто Оризари поддржани од ромската заедница од сите скопски општини утре, на денот на Општина Шуто Оризари, во 19 часот заеднички пред град Скопје ќе го постават прашањето: „Шуто Оризари - заборавена општина - ДО КОГА"?, се вели во најавата за протестот. Собирањето ќе започне во 18 часот во паркот во населбата по што ќе се тргне кон седиштето на Градот.

Организаторите наведуваат:

1. До кога само граѓаните на Шуто Оризари ќе се корисници на недостојни автобуси, нередовни и нецелосни линии на јавниот превоз?

2. До кога граѓаните на Шуто Оризари ќе чекаат изградба на паркови и зелени површини?
3. До кога граѓаните ќе чекаат изградба на булевари и во општина Шуто Оризари?
4. Кога ќе се вработат Роми во администрацијата на град Скопје?

„Очекуваме пораките, потребите и барањата кои ќе бидат пренесени пред Град Скопје да бидат сериозно слушнати и вметнати итно во градските политики на град Скопје кои ќе бидат преточени во реалзирани проекти во општина Шуто Оризари и во сите скопски населби каде што живее ромската заедница. Ги повикуваме граѓаните, граѓанските здруженија, политичките субјекти, бизнис секторот и секој граѓанин кој е засегнат од прашањата кои се интерес на протестот да ни се придружат“, се вели во пгогласто.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе