Утре ждрепка во ДИК за редоследот на гласачкото ливче

Блерим Река и официјално е кандидат за претседател на Република Северна Македонија, откако денеска Државната изборна комисија (ДИК) ја разгледа и потврди неговата поднесена листа.

„Листата за кандидат за претседател на Република Северна Македонија 2019 година за кандидатот Блерим Река, до Државната изборна комисија беше доставена на 19 месецов, а согласно одредбите од Изборниот законик, член 67 (став 1) Државната изборна комисија во законски утврдениот рок ја разгледа и ја потврди листата, со што Река е кандидат за претседател на Република Северна Македонија“, соопшти ДИК по денешната седница.

ДИК треба да се изјасни и за кандидатурите на Стево Пендаровски од СДСМ и коалицијата и на Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.

Според најавата, утре во седиштето на ДИК ќе се одржи јавна седница на која со ждрепка ќе се утврди редоследот на единствена листа на кандидат за избор на претседател на државата.

На денешната седница на ДИК е усвоено барањето на Здружението на лица со посебни потреби „Заедно можеме" – Гостивар за добивање овластување за набљудувачи за Претседателските избори 2019 година.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе