Процес Брдо-Бриони

Утре во Скопје прв степен на безбедност, доаѓаат Туск, седум претседатели и еден премиер

Претседателот на Европскиот совет, седум претседатели и еден премиер ќе бидат гости на претседателот Иванов кој е домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи утре во Скопје.

Официјално своето присуство го потврдија претседателите на Хрватска, Колинда Грабар Ќитаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на Албанија, Илир Мета, на Косово, Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Како специјални гости на состанокот, во Скопје ќе допатуваат и претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Во Скопје е одреден прв степен на безбедност поради гостувањето на претседателите во Скопје и тоа од копно и од воздух. Хеликоптери ќе го надлетуваат главниот град, а ќе има и посебен сообраќаен режим на неколку булевари.

Состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони во Скопје ќе го проследат вкупно 156 акредитирани претставници на медиумите, 116 од Македонија и 40 од странство.

По завршувањето на официјалниот дел од состанокот, претседателот Иванов за своите гости ќе приреди вечера во еден скопски хотел. На менито се традиционална македонска храна и домашни вина, а ќе ги забавува македонскиот бенд Баклава кој ќе изведе нивни авторски и традиционални македонски песни.

Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на иницијатива на Претседателите на Република Словенија и Република Хрватска. Иницијативата го доби називот Процес Брдо-Бриони поради споделената идеја на претседателите на двете земји за негова организација; Брдо, од Брдо при Крањ, каде и се одржува првиот состанок на лидерите од регионот, и Бриони, во чест на ко-организаторот и партнерот во иницирањето на иницијативата, Република Хрватска.

Главната цел на Процесот Брдо-Бриони Процесот, е европска интеграција на земјите од регионот и стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе