Пред состанокот во Луксембург

Утре во Париз Меркел ќе се обиде да го предомисли Макрон за Македонија и Албанија

Во Париз утре францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Оваа средба дипломатите ја сметаат за последна шанса да се убеди Париз да го смени ставот за блокирање на планираниот почеток на преговори со Македонија и Албанија за влез во ЕУ.

Официјално Франција и натаму е против проширувањето на ЕУ сѐ додека не се реформира Унијата, а смета дека и реформите во Македонија и Албанија не се соодветни. Сепак, од Париз доаѓаат информациите дека конечната одлука ќе ја донесе Макрон.

Од друга страна стојат предупредувањата на многумина дипломати дека „оној што сега ќе го блокира пристапниот процес ќе биде одговорен за можната дестабилизација на регионот“.

Големо мнозинство во ЕУ е за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

Германската влада смета дека двете земји во целост ги исполниле условите за почеток на преговорите.

Оваа одлука треба да се донесе на состанокот на ЕУ министрите во вторник во Лукембург или на ЕУ самитот два дена подоцна.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе