Собрание

Утре владиниот предлог за спојување на СЈО и Обвинителството за организиран криминал оди пред пратениците

Владиниот предлог за спојување на Специјалното јавно обвинителство со Обвинителството за организиран криминал и корупција во обвинителство за организиран криминал и висока корупција утре е на дневен ред во Собранието.

За новиот Законот за јавно обвинителство, на предлог на Министерството за правда, утре ќе почне собраниската расправа. За изгласување на овој закон потребно е 2/3 мнозинство.

Предлогот на премиерот Зоран Заев досегашната шефица на организиран криминал Вилма Рускоска да биде на чело на новото обвинителство за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив.

„Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот, со амандманите предложи СЈО да биде дел од ЈО за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Рускоска да ги води случаите на СЈО. Сега зачудува измената на нивниот став по ова прашање“, велат од Министерство за правда.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски предупредува дека без главната опозициска парламентарна партија не може да се носи ваков крупен закон и потсетува дека актуелното СЈО беше изгласано со консензус на сите партии.

„Се лаже ако мисли дека повторно со притисоци и закани може да собира гласови на пратеници, зашто веќе земјава му го изгуби стравот на Заев, а неговите денови во политиката се броени“, вели Мицковски во во интервју за Република. 

Опозицијата сѐ уште официјално не ги соопштила забелешките на законот.

Од СДСМ велат дека со предложениот закон покажуваат дека за нив борбата против криминалот не познава партиска припадност. Сите случаи кои се пред судовите, а за кои е надлежно Специјалното јавно обвинителство, ќе продолжат, нив ќе ги застапува новото Јавно обвинителство. Одговорност за сите овие предмети ќе има, велат од СДСМ.

Овој закон од меѓународната заедница беше посочуван како една од клучните правосудни реформи чие носење се врзуваше и со датумот за преговори.

Неделава во земјава доаѓаат еврокомесарот Јоханес Хан (25 јули), и в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер (26 јули).

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе