СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ

Утре вечер во Собранието лидерска средба Заев-Мицкоски

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утре во Собранието на лидерска средба ќе се обидат да најдат заеднички јазик за Законот за јавно обвинителство, со кој се решава и судбината на Специјалното јавно обвинителство и за предвремени парламентарни избори.

Лидерската средба, потврдуваат партиски извори, ќе почне во 20 часот и ќе се одржи во формат еден плус четири.

Тема на разговорите ќе бидат владините предлози за измени во Законот за јавно обвинителство. Мицкоски најави дека на средбата ќе бара да се отвори и темата за предвремени парламентарни избори. Од ВМРО -ДПМНЕ велат дека темата предвремени избори биле услов за одржување на лидерската.

За утрешната средба Заев-Мицкоски Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека очекува сериозност од власта, сериозност кон прашањето за да се избегне онаа практика секој исчекор понатаму да се врати на почетните ставови. „Каков ќе биде односот на власта кон ова прашање? Дали ќе покажат сериозност на средбата на работните групи и потоа на лидерската средба? ВМРО-ДПМНЕ и досега покажало дека сѐ што е во интерес на Република Македонија и на граѓаните на Република Македонија активно учествува и придонесува кон подобрување на состојбите и кон напредок на државата во евро-атлантските интеграции и во однос на носење на закони кои навистина носат квалитет во понатамошното делување на државата. Секако тоа не е безусловно и не може да се поддржи каков било законски текст, само и само да се каже дека е донесен законски текст“, рече Стоилковски.

Заев вчера во пораката за Денот на независноста меѓу другото изрази и увереност дека земјата има капацитет со двотретинско мнозинство да го донесе и Законот за јавно обвинителство.

„Сите случаи и евентуални случаи на криминал и корупција, како во развиените земји, мора да добијат ефикасна, праведна и правична разврска. Тоа го очекуваат граѓаните и со тоа ќе дадеме дополнителни аргументи на ЕУ, дека сме и ние цврсто определени кон правдата и изградбата правна држава, истакна премиерот.

Поради скратените рокови Законот за Јавно обвинителство се очекува да биде донесен најдоцна до 15 септември. За да биде усвоен потребно е двотретинско мнозинство од пратениците, а неговото носење е клучно и за евроинтеграциите на земјава.

Последната средба на работните групи на власта и опозицијата за законот, која се одржа минатата недела не вроди со суштествен заклучок, а сега се очекува решението да се бара на лидерската средба.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе