Утре валандовци ќе гласаат за или против рудникот Казандол

Граѓаните на Валандово утре на референдум ќе се изјаснат дали се за или против изградбата на рудникот Казандол и за можното отворање на нови рудници на нивната територија.

Жителите на Валандово побараа да се запре со изградбата на рудниците на нивната територија. По успешната иницијатива и по подолги перипетии во Советот на општината, во Валандово утре ќе се гласа.

Валандовце се плашат за своето земјоделско прозиводство, за смоквите, калинките, јапонските јаболка, грозјето... и нивниот пласман. „За да се задоволат апетитите на еден инвеститор треба да се доведе во прашање егзистеницјата на десетици илјади земјоделци. Не знам со кој памет некој дозволи да се отвара рудник во зелена оаза“, велат иницијаторите на референдумот.

Граѓаните на Богданци, Дојран и Гевгелија веќе се изјаснија против изградба на новите рудници во овој земјоделски крај.

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе