Случај „Рекет“

Утре УЈП влегува во Меѓународен сојуз и 1ТВ, што сведочеле Лиле Стефанова и Зоки-Кичеец?

Управата за јавни приходи од утре ќе почне да ги проверува сметките на фирмите поврзани со Бојан Јовановски - Боки 13, а тоа се БМЈ медиа груп, невладината организација Меѓународен сојуз и 1 ТВ. По дадените изјави на обвинителката на СЈО Лиле Стефанова и на второсомничениот во случајот „Рекет" Зоран Милески-Кичеец на распит ќе бидат повикани и бизнисмени и политичари поврзани со невладината организација на Боки 13.

Од утре даночните инспектори на УЈП ќе го проверуваат финансискиот прилив и одлив на пари од фирмите поврзани со Бојан Јовановски. Ќе направиме контрола и на сите оние засегнати физички лица во телата и органите на Меѓународниот сојуз за што ќе ги утврдиме исплатите што се направени, изјави вчера Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вчера најавија дека истрагата продолжува и дека нема да застанат со приведувањето на првиот човек на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева.

Неофицијално, за истрагата на случајот „Рекет“ ќе бидат повикани бизнисмени кои од досегашните искази биле посочени дека дале пари за некаква противуслуга од СЈО, но тоа не го потврдиле во предистражната постапка. Освен тоа, од основањето на Меѓународниот сојуз, 8 август 2017, во работата на оваа невладина организација постојано се споменуваат и имиња на високи функционери на СДСМ. Според логиката на нештата и дел од нив би требало да бидат повикани на распит кај обвинителката Вилма Русковска, со засега непознат статус - сведоци или осомничени. На основачкото собрание на оваа организација присуствуваа Фросина Ременски (избрана и за претседателка на сојузот), градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов, актуелниот заменик-градоначалник на град Скопје и Енвер Малиќи. Ременски беше почесна претседателка на Сојузот. Дознаваме дека некакви финансиски проверки веќе биле извршени кај Фросина Ременски и Александар Кирацовски, а следува проверка од УЈП за можно несразмерно стекнат имот. 

Она што го дознаваме е дека обвинителите од организиран криминал најмногу информации добиле од сведочењата на обвинителката на СЈО Лиле Стефанова и осомничениот Зоран Милески - Кичеец (првата сведочеше на 13 август, а Кичеец на 19 август, ден пред исказот на Јанева). Истиот ден, на 13 август, откако Стефанова 4 часа сведочеше, вечерта премиерот Зоран Заев, очигледно нервозен, ја даде онаа несреќна изјава дека нема да дозволи еден педер и еден суетен новинар да ја урнат Владата.

Бојан Јовановски во име на невладината организација, барем од она што е досега познато, меморандуми за соработка потпишал со Министерството за транспорт и врски и со општините Струмица, Карпош, Куманово, Битола... Овие меморандуми всушност значеле обврска на општината да обезбеди плацеви за изградба на домови за пензионери, а потоа на сцена доаѓаше Бојан Јовановски, со синот на Катица Јанева и „убедувањата“ на бизнисмените да дадат пари за овој проект. Се разбира, досега за оваа намена не е фрлена ниту една лопата, а од она што досега се знае исплатени се најмалку еден милион евра (720 илјади Сиљан Мицевски од Битола и 260 илјади евра од „Дрим билдинг“ од Струга).

На 19 август во обвинителството сведочеше Лилјана Тодоровска, членка на Меѓународниот сојуз. На нејзината сметка, ГП „Пелистер“ на бизнисменот Мицевски, на име авторски хонорар уплатени се 720 илајди евра за идејата за ваков проект, домови за стари лица. Тодоровска неодамна изјави дека случајот веќе го пријавила затоа што од нејзината сметка парите веднаш биле подигнати од раководителите на Меѓународен сојуз.

Тука е интересен и податокот дека Управата за финансиско разузнавање, и покрај добиената информација за исплата на вака голем износ за авторски хонорар, освен вообичаената проверка не презела ништо посериозно. Kој интервенирал? Имало ли интервенција од обвинителството? Кој ги земал парите, засега не се знае. Каде завршила торбата со еден милион евра кои бизнисменот Орце Камчев ги дал во кеш за подзаборавање на сомневањата од случајот „Империја“, и тоа не се знае... Или, што би рекла Русковска, истрагата е во тек...

А.Д.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе