Два дена по скандалот со руските комичари

Утре средба на Заев со Баздникин, амбасадорот на Русија

Премиерот Зоран Заев утре ќе се сретне со рускиот амбасадор во Македонија Сергеј Баздники. Средбата Заев - Баздникин ќе се одржи утре, два дена по објавување на снимките на телефонските разговори на руските комичари Вован (Владимир Кузњецов) и Лексус (Алексеј Столјаров) со македонскиот премиер. Од руската амбасада велат дека оваа средба била договорена уште минатата недела.

Во разговорите со лажниот Порошенко, Заев слободно зборуваше за обидите на Русија да се меша во внатрешните работи на Македонија, дека на Балканот има многу руски агенти, дека Русија се меша и во преговорите на Македонија со Грција пред потпишувањето на Преспанскиот договор, дека српскиот претседател Александар Вучиќ е близок со рускиот претседател Владимир Путин, дека во случајот на Косово Русија се обидува да наметне нова меѓународна практика на промена на границите...

Освен ова, се очекува на утрешната средба да се разговара и за унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Русија.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе