среда, 24 април 2024
Претседателски избори 2024

Пендаровски: Изборите се битни за државата, не за нашите кариери

Држава која преговара со Европската Унија не смее да си дозволи лош изборен процес, порача претпладнево претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во изјава за медиумите откако гласаше на своето избирачко место. Тој изрази очекување изборниот ден да биде мирен.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е исклучително важно, не толку за индивидуалните кариери на секој од нас кандидатите кои сме на овие претседателски избори, тоа е исклучително важно за целата држава, за Македонија, бидејќи држава која преговара со Европската Унија не смее да си дозволи лош изборен процес. Имаме долго искуство во таа смисла, повеќе од 30 години сме независна држава, имаме поминато многу изборни циклуси и јас се надевам дека како и минатиот пат, така и сега тоа ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди“, рече Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ