Утре СДСМ треба да ја констатира оставката на Заев, Алтернатива ќе решава за или против влез во Владата, Мицкоски е за предвремени избори

Зоран Заев, премиерот во оставка и лидерот на СДСМ за утре најави дека партиските тела ќе треба да ја констатираат неговата оставка, по што ќе треба да почне процедурата за избор на нов претседател на СДСМ. Во партиските кругови почнаа да се објавуваат разни писма на поддршка за Заев, па дури и барање за организирање на референдум меѓу партиското членство за или против оставката на актуелниот партиски лидер.

Во партијата веќе се шпекулира дека Димитар Ковачевски, актуелниот заменик министер за финансии, би можел да биде наследникот на Заев, кој во петокот не ги потврди, ама не ги ни негираше ваквите гласини.

За Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, единствено решение за излез од кризата е Владата веднаш да се распушти и да се организираат предвремени парламентарни избори. За оставката на Заев, Мицкоски вчера изјави дека е скептик, дека тој неколку пати до сега не си го одржал дадениот збор.

За утре е најавен и состанокот на раководството на Алтернатива кога треба да се одлучи дали ќе оваа партија ќе влезе или не во владината коалиција. Пратеници на оваа партија еднаш ја потпиша иницијативата за уривање на Владата, а сега дискутира за влез  во истата. Лидерот на оваа партија, Африм Гаши по средбата со Заев, рече дека е задолжен да разработи две варијанти за решение.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе