МВР информира

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради посета на странска делегација

МВР информира дека поради посета на странска делегација, утре на поширокото централно подрачје на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Времето на сообраќајниот режим, ниту улиците каде ќе биде спроведуван, не се наведени, ниту пак се информира за тоа која делегација ќе пристигне.

Во соопштението се вели:

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 23.06.2021 (среда), поради официјална посета на странска делегација на Република Северна Македонија, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на градот Скопје. За таа цел, МВР апелира до граѓаните - учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои што ќе ги издаваат полициските службеници“.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе