Утре на Сител ново ТВ соочување на кандидатите за претседател на државата

Утре со почеток од 16,30 часот на ТВ Сител ќе се оддржи третата од четирите најавени ТВ соочувања помеѓу претседателските кандидати Стево Пендаровски, Гордана Сиљановска Давкова и Блерим Река.

Во пресрет на ТВ дуелот, водителите од емисијата Детектор ги запраша кандидатите што е она што тие очекуваат од овој дуел. Еве што тие одговорија:

Гордана Силјановска Давкова: Очекувам со ваша помош конечно да ги детектираме нашите програми, односно нашите визии за Македонија низ призма на претседателската функција.

Блерим Река: Очекувам фер и конструктивна дебата со моите противкандидати на која ќе го елаборирам мојот концепт за една република за сите, за република со владеење на законот, а не на поединецот.

Стево Пендаровски: Очекувам претседателската дебата во емисијата Детектор на Сител телевизија да помине во фер и демократска атмосфера како што и приличи на нас тројцата претседателски кандидати.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе