„Ние граѓаните имаме должност да го одбраниме Уставот од (Не)Уставниот суд! Ние граѓаните имаме обврска да ја одбраниме државата од криминалците во власта! Во Македонија мора да се вратат правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот! На судиите кои се грижат единствено за спасување на своите наредбодавци, решително и непоколебливо ќе им порачаме дека тие се одговорни пред сите нас - граѓаните на оваа држава и дека не можат и не смеат да го газат Уставот секогаш кога тоа ѝ одговара на партијата или секогаш кога ќе треба да се спасуваат криминалците во власта. Затоа, ајде сите да се собереме пред Уставниот суд, точно на пладне на 29 февруари 2016. Нема правда – нема мир!“, стои во повикот за утрешниот протест.
Да го одбраниме Уставот од Уставниот Суд!Понеделник , 29.02.2015 во 12:00, пред УставенНастан > https://www.facebook.com/events/991649374237262/
Posted by Ajde - Hajde on Sunday, February 28, 2016
Инаку, протестите јавноста дојдоа откако Уставниот суд во рекордно брзо време ја разгледа и ја прифати иницијативата за претседателот да може да помилува осуденици за изборни измами, педофилија и злосторства против човештвото. Па, граѓаните веќе и на првите два собира бараа оставки од петте судии кои гласаа „за“ оваа иницијатива - Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Миркудова и Јован Јосифовски.
Реакциите низ јавноста се главно што оваа иницијатива дојде по отворањето на случајот „Титаник" од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во кој токму за злосторничко здружување и изборни манипулации се осомничени високи функционери на власта, меѓу кои и поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, генералниот секретар Кирил Божиновски и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.