Кабинет на шефот на државата

Утре ќе заседава Советот за безбедност, засега кај Пендаровски нема закажано лидерска средба

За утре во 16 часот е закажана седница на Советот за безбедност на која има една точка на дневниот ред: состојбата со ковид-19 во Македонија. На средбата ќе се разговара и за други прашања кои се поврзани со епидемијата. Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски велат дека засега нема најава за нова лидерска средба на лидерите на македонските политички партии.

Седницата на Советот за безбедност ќе се одржи во проширен состав, заедно со министерот за здравство и со началникот на Генералштабот на Армијата. Советот ќе ја разгледува и потребата од евентуално прогласување на кризна или вонредна состојба на цела територија на државата.

Раководствата на неколку помали политички партии повикуваат на одложување на парламентарните избори закажани за 12 април. И ДИК сугерираше за одложување на изборите. Од ДИК велат дека  во изборниот процес се вклучени многу луѓе кои треба да комуницираат меѓусебно, меѓу кои членови на избирачките одбори, членовите во ОИК и административно техничкиот и логистички персонал. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, потенцираше дека треба да се донесе одлука со ладна глава, бидејќи како што рече, сега на прво место е здравјето на граѓаните. Веќе се размислувало за одложување во јуни, или дури и за септември.

И претседателот Пендаровски на последната конференција за медиуми рече дека тој е за одложување на изборите.

Политичкоте партии се договорија за мораториум на активностите поврзани со предвремените парламентарни избори до 22 март поради спречување на ширењето на коронавирусот во земјата и почитување на мерките што ги усвои Владата. Партиите ги откажаа активностите на терен и за кампањата, најавија дека ќе се насочат на социјалните мрежи и електронските медиуми.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сега најбитно е здравјето на граѓаните, што укажува на тоа дека оваа партија би го прифатила евентуалниот предлог за одложување на изборите. 

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе