Многу комбинаторики и отворени прашања

Утре ќе се гласа за доверба на Владата

За утре во 11 часот закажана е собраниска седница со единствена точка на дневен ред – прашање за доверба на Владата. На иницијативата потпишани се 61 пратеник. Сите варијанти за евентуална нова седница за в сабота со нова иницијатива со најмалку 20 пратенички потписи, по отворените резерви искажани од пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи и толкувањето на спикерот Талат Џафери деkа за втора иницијатива треба да поминат 90 дена, се затворија. Утре ќе се знае дали опозицискиот блок ќе успее да обезбеди 61 или повеќе пратеници кои би гласале за паѓање на актуелната Влада.

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива ги помеша сите математики во однос на новото обезбедено собраниско мнозинство. Тој отворено изјавува дека не сака да биде во друштво со Левица и дека е подготвен дури и да даде оставка во партијата ако остане друштвото со партија која е анти-НATO и анти-ЕУ ориентирана.

И опозицијата и владината коалиција најавуваат дека нивното мнозинство ќе се зголеми. Од ВМРО-ДПМНЕ објаснуваат дека важен е првиот чекор, а тоа е утрешното гласање за недоверба на Владата на СДСМ и ДУИ, по што би следувал вториот чекор, а тоа е составување на политичка влада кога секоја од партиите би можелa да изрази одредени резерви во однос на определбите на другите партии. Но, пратеникот Реџепи останува на тоа дека нема да гласа за поддршка на иницијатива на која се потпишани двајцата пратеници на Левица и дека бил измамен од своите колеги дека во новото мнозинство се ЛДП и ДОМ, а не Левица.   

Отворено е прашањето дали утре ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Беса, Алтернатива и Левица ќе успеат да обезбедат 61 или повеќе гласови. Интензивни се комуникациите на претставниците на овие партии, а очигледно и меѓу претставниците на владината коалиција и опозицијата.

За понудата од ВМРО-ДПМНЕ за втора иницијатива со потребните минимум 20 гласа, пратеникот Реџепи денеска најави дека ќе поднесат нова иницијатива за гласање недоверба на Владата. Тој за изјавата на претседателот на Собранието, Талат Џафери дека втора иницијатива е можна само после 90 дена, рече дека се работи за политичка изјава. „Во партијата наскоро пратениците на Алтернатива ќе ги стават потписите на новата иницијатива за гласање на недоверба на Владата и потоа во координација со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја доставиме до пратеничките групи“, изјавил Реџепи за „Слободен печат“.

Многу прашања остануваат отворени. Обидите за обезбедување мнозинство од 61 и повеќе пратеници од двата блока се во тек. Останува голем дел од отворените прашања да се расчистат утре во 11 часот.

А.Д.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе