Конгресот ќе го отвори и ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Конгресот ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо и можности за медиумите да преземат видео материјал со висока резолуција.
Медиумите ќе можат да го проследат отворениот дел од конгресот во живо, со обезбден превод на три јазици (македонски, албански и англиски јазик).
По завршување на конгресот Заев,ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира одлуките донесени на конгресот.