Поради трагедијата

Утре ден на жалост во Бугарија

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 24 ноември 2021 година е прогласен за Ден на национална жалост во спомен на жртвите од пожарот што на 22 ноември избувна во Домот за стари лица во селото Ројак во Општина Дулгопол и за настраданите во тешката автобуска несреќа на автопатот „Струма" на 23 ноември.

Фото: EPA

Владата изразува сочувство до роднините на жртвите. Во нивен спомен државните знамиња на сите државни институции ќе бидат спуштени на половина копје, соопшти прес-центарот на бугарската Влада.

Легенда под Главна слика

Фото: EPA

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе