Утре 26 дигитален конгрес на СДСМ, ќе се избираат потпретседатели

Утре ќе се одржи 26 конгрес на СДСМ. Во партиското седиште ќе биде присутно само најтесното партиско раководство, а конгресот ќе се одржи онлајн. Социјалдемократите ќе избираат заменик претседател, потпретседатели, но и членови на Централниот и Извршниот комитет.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека утре органите на партијата ќе ги предложат кандидатите за заменичкото и потпретседателските места на партијата. Заев најави нова и свежа енергија со која, како што вели, партијата треба да оди напред.

Радмила Шекеринска најави дека ќе се повлече од партиската функција и вели дека не е од оние луѓе кој припаѓаат на некоја партија само поради функцијата и дека време е фокусот да се стави на суштинските политики наместо на внатрепартиските промени кои се нормални за секоја една партија.

Од имињата за кои се шпекулира дека ќе дојдат на нејзината функција се и министрите Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи и Венко Филипче.

Меѓу имињата кои се спомнуваат за вискои партиски функции се и Сања Лукаревска, како и универзитетските професорки Беса Арифи и Гордана Лажетиќ Бужаровска. Актуелни потпретседатели на партијата се Мила Царовска, Коста Петров, Оливер Спасовски и Мухамед Зекири.

Членови на СДСМ од Куманово, општина Центар и од Охрид најавуваат дека на претстојните локални избори ќе учествуваат со независни листи, а се најавува и можно формирање и на нова политичка партија.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе