Консензус во Собранието

Усвоени законите за заштитени сведоци, за следење на комуникациите и за ОТЕ

Собранието денеска усвои дел од реформските закони од планот „3-6-9“ на Владата за кои беше потребно двотретинско мнозинство. Законите беа донесени со консензус, постигнат по разговорите во работните групи од страна на пратениците од владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Претходно неколку месеци не беа ставани на дневен ред затоа што опозициската партија ја бојкотираше работата на Собранието.

Прв со 86 гласа „за“, без против и воздржани беше изгласан Законот за заштитени сведоци. Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека партијата за овој закон дала 11 предлози и со нив се направила интервенцијата во законот што бил предложен од СДСМ.

По завршувањето на 22 седница, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја отвори 41 седница на која на дневен ред беа законите за ОТА (Оперативно техничка агенција) и законот за следење на комуникациите. Формирањето на ОТА беше изгласано со 87 гласа „за“ без против и воздржани, а за Законот за следење на комуникациите во второ читање гласаа 86 пратеници.

Трајко Димков од ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата за овие закони доставила повеќе забелешки помеѓу кои биле вклучени и забелешките на стручната јавност.

Според пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски рече дека со овие закони за прв пат во Македонија системот за следење на комуникации ќе има најголема законска регулација.

Дополнително, додаде таа, се зацврстува собраниската контрола и надзор над ОТА и ги проширува сите можности што ги има Собранието преку надзорните комисии да го следи имплементирањето на законот. 

Иако беше најавено дека денеска ќе бидат донесени и дополнетиот закон за судовите, во второ читање, во рамки на 34 седница, како и измените и дополнувањата на законите за јавно обвинителство и за кривична постапка на 35. седница, нивните продолженија ќе бидат дополнително закажани. На дневен ред на 34. седница е и Предлог-одлуката за објавување јавен оглас за избор на членови на Државната изборна комисија, поднесена од Антонио Милошоски. Претседателот на Собранието Талат Џафери објасни дека седниците се одлагаат поради потреба за дополнителни усогласувања за точките на дневен ред на овие седници. 

 

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе