Министерство за животна средина и просторно планирање

Усвоени преостанатите закони од областа на управување со отпадот

Собранието на денешната 50-та седница ги донесе преостанатите четири закони од областа на управување со отпадот: Закон за управување со отпадот, Закон за управување со пакување и отпад од пакување, Закон за управување со дополнителни текови на отпад и Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, откако претходно во текот на месец август, беа донесени Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, информираат од Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСП).

Донесувањето на овој пакет од шест закони е во насока на реформа на законодавството од областа на управувањето со отпадот, што го опфаќа општиот систем на национално ниво регулиран во општиот Закон за управување со отпадот и посебни закони кои се однесуваат на посебните текови на отпадот, ориентирани кон принципите на циркуларна економија и превенција на отпадот, односно реупотреба, преработка и рециклажа.

„Подготовката на законите траеше долг временски период, со учество на меѓународни и локални експерти, преку консултација со засегнатите страни, општините, колективните постапувачи и комуналните претпријатија, невладиниот сектор и јавноста, со цел вградување на потребите на засегнатите страни и втемелување на принципите на заштита на животната средина во еден функционален систем кој конечно ќе биде имплементиран соодветно и во пракса“, се вели во соопштението од МЖСП.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе