Во Европскиот Парламент

Усвоен извештајот на Илхан Ќучук за Македонија

Со 558 гласови за, 70 против и 59 воздржани Европскиот Парламент ја усвои резолуцијата на известувачот за Македонија, Илхан Ќучук.

Извештајот ги поздравува напорите на Македонија во реформите за членство во ЕУ и ги охрабрува Скопје и Софија да изнајдат взаемно прифатливо решение околу спорот поради кој Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ и покрај исполнетите реформи.

Амандманот поднесен од страна на Социјалдемократите и Зелените преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Македонија не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и Европските конзервативци.

Илхан Ќучук го поздрави фактот што  Македонија продолжи со реформите и покрај пандемијата од Ковид-19.

„Се надевам дека Македонија и Бугарија ќе продолжат со дијалогот за нерешените билатерални прашања за да постигнат одржлив резултат. Постигнување компромис за акциски план со конкретни мерки, чија имплементација би се проценувала редовно согласно Договорот за пријателство, би го рестартирало процесот и би му овозможило на Советот да ја свика првата меѓувладина конференција што е можно поскоро“, изјави Ќучук.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји пред почетокот на седницата изјави дека се надева дека Македонија ќе може формално да ги започне преговорите во првата половина од оваа година, за време на португалското претседавање со ЕУ.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе