Нова иницијатива

Уставните судии утре на колегиум ќе дискутираат за иницијативата за спас од затвор на поранешни функционери

Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати за утре закажал колегиум со судиите, на кој детално ќе дискутираат по иницијативата за членот 353, став 5 од Кривичниот законик, а која се однесува за злоупотреба на службената положба. По овој предмет уставните судии дискутира на последата седница, а гласањето беше одложено за следната седница.

„Ние во Уставниот суд имаме сериозен пристап за секој предмет. Предметот се одложи минатата седмица. Утре поради сериозноста на работата закажав колегиум со судиите, на кој детално ќе дискутираме за оваа проблематика. Откога ќе завршиме со колегиумот ќе заземе став за понатамошната постапка“, изјави Мурати одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.

Мурати рече дека предметот било на дневен ред на седницата што се одржа минатата недела и за него се отворила полемика.

„Секој судија си има свој пристап во предметот и јас како судија имав свој став и свое стојалиште, но поради  интересот на јавноста во Република Македонија предметот во договор со судиите минатата недела го одложивме. Утре имаме колегиум само за таа точка. Сите судии имаат сериозен пристап по предметот и по колегиумот ќе го утврдиме понатамошниот тек на предметот“, истакна Мурати.

Иницијативата за оценување на уставноста на став 5 од членот 353 за злоупотреба на службената положба е поднесена од адвокатот Еленко Миланов, кој брани неколку поранешни функционери. Слични иницијатви веќе беа поднесени до 2007 и 2009 година, но Уставиот суд тогаш се прогласи за ненадлежен.

Адвокатот Миланов предлага да се прифати претходната поблага одредба, која пред 2009 година била за овие злоупотреби 4 години затвор минимум, со што би застареле дел од кривичните дела за кои се гонат поранешни функционери, а по обвиненија на СЈО.

Уставните судии Јован Јосифовски, Никола Ивановски, Осман Кадриу и Елена Гошева ја поддржуваат иницијативата за испитување на уставноста на членот од Кривичниот законик за злоупотреба на службената положба и овластување, кога се во прашање постапките за тендери. Станува збор за членот од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на службената положба и овластување, при што има направена штета на Буџетот, а опфаќа најголем дел од обвинетите од СЈО.

За адвокатот спорно е тоа дали службено лице може да биде одговорно за јавна набавка, кога за тоа одлучува комисија.

Со измените во 2009 година, овој член бил променет во однос на висината на казната и е пропишана казна затвор од најмалку 5 години, а иницијаторот смета дека овој член од Кривичниот законик е нејасен, непрецизен и произволен, а можната казна е  драконска. 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе