За случајот со Еуростандард банка

Уставниот суд одлучи во корист на оштетените штедачи, го укина членот 163 од Законот за банки

Здружението на оштетени физички и правни лица од стечајот на Еуростандард банка денес соошти дека Уставниот суд пресудил во нивна корист. Тие бараа да се укине членот 163 од Законот за банките кој беше на преиспитување и кој налага од стечајната маса побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити, да се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители.

Оштетените штедачи сметаат дека членот 163 став 3 од Законот за банки претставува генератор што продуцира нееднаквост на правните и физичките лица депоненти на банка во однос на Фондот за осигурување на депозити во случај на стечај или ликвидација на банка.

„Би сакале да и пренесеме на пошироката јавност дека денес Уставниот суд донесе позитивна мериторна одлука по однос на ова прашање. Како што е наведено во извадокот погоре од официјалното соопштение на Судот, истиот со донесената одлука го укина членот 163 став 3 од Законот за банки", велат од здружението.

Додаваат дека со овој допис сакале во име на сите членови на Здружението, но и во име на сите штедачи во банкарскииот систем, да им оддадат заслужена почит и благодарност на уставните судии што застанаа во одбрана на уставноста“, информираат од здружението 2Правда за штедачи“,

Како што соопштуваат штедачите, се работи за многу значајна законска одредба, која во суштина, може да предизвика реформа на законодавството во областа на банкарскиот систем. 

И Уставниот суд денеска ја извести јавноста дека, расправајќи по точките од дневниот ред, одлучи да го укине член 163 став 3 од Законот за банките.

Оштетените штедачи пред да биде донесена одлуката соопштија дека сметаат дека со негово укинување или поништување ќе се постигне позитивен ефект не само во стечајната постапка за Еуростандард банка, туку тоа ќе предизвика потреба од темелна реформа на законодавството од областа на банкарското работење.

Со тоа, како што наведоа претходно, ќе се надмине сегашната состојба според која сите во однос на Фондот за осигурување на депозити се во подредена положба, додека правните лица не само што не се еднакви, дури трпат и дискриминација.

 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе