ПО ОТВОРАЊЕТО НА СЛУЧАЈОТ ТИТАНИК

Уставниот суд ќе го враќа правото на претседателот на државата за помилување за изборни нерегуларности

На дневен ред на денешната седница на Уставниот суд е и расправата за измени на Законот за помилување со кои на претседателот на државата ќе му се овозможи да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

Од 2009 година претседателот на джаваата нема право да помилува лица кои ќе бидат осудени за кривични дела поврзани со изборни нерегуларности.

Индикативно е тоа што овој предлог доаѓа по отворањето на случајот „Титаник“ од Специјалното јавно обвинителство во кој за изборни манипулации се осомничени високи функционери на власта. Од специјалното обвинителство велат дека истрагата за овој случај продолжува и покрај одбивањето на судот на предлозите на специјалните обвинители за притвор на двајца поранешни министри, на секретар на Влада и на други локални функционери, членови на ДИК и судии од Управниот суд.

Предлагачот тврди дека според постоечките законски одредби за помилувањето доаѓало до мешање на законодавната и извршната власт, односно Собранието со изгласаните измени во 2009 година се замешало во ингеренциите на претседателот на државата.

Неофицијално, иницијативата за оценување на уставноста на измените во законот во 2009 година во Уставниот суд стигнала пред десетина дена, набрзо по отворањето на случајот „Титаник“. Овој предлог за рекордно брзо време дојде не дневен ред за седница на Уставниот суд. 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе