Уставниот суд ја прифати иницијативата на Шехтански и поведе постапка за укинатите паушали на членовите на одборите

По поднесена иницијатива на адвокат Ванчо Шехтански, Уставниот суд вчера поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на Владината уредба број 1388 од 7 април 2020 и донесе решение за запирање на извршните дејствија, со кои им беа укинати месечните паушали на членовите на советите на општините, и именуваните членови на управните и надзорните одбори, како членовите на комисиите именувани од собранието.

Оваа поведена иницијатива, беше поднесена заради нелогичноста на диспозитивот кој гласеше дека одлуката е до завршување на вонредната состојба која е до 1.06 2020 а да се применува до 31.12.2020.

„Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за ограничување на правото на исплата на паричните паушали и паричните надоместоци на претседателите и членовите на одборите на директори, претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и преседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба („Службен .весник на Република Северна Македонија" бр.94/20) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оваа уредба, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија", се вели во одлуката на Уставниот суд.

Адвокатот Ванчо Шехтански, кој е потписник на оваа иницијатива, смета дека со ова законите во Македонија селективно се применуваат.

1740 членови на совети на општини 830 именувани членови на управни и надзорни одбори ќе земат паушали.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе