Во 2002 година

Уставниот суд еднаш веќе ја оценуваше уставноста на меѓународен договор, Левица најавува иницијатива за договорот за името

Една од правните пречки за спроведување на договорот меѓу Македонија и Грција за промена на името е и Уставниот суд, смета професорот Димитар Апасиев и член на раководството на партијата Левица Тој вели дека Уставниот суд ќе го поништи договорот затоа што е спротивен на Уставот, а кој било меѓународен договор не е посилен од Уставот.

Потпишување на ратификацијата од претседателот на Собранието Талат Џафери

Да се потсетиме, веќе постои и правен преседан од 2002 година кога Уставниот суд го поништи токму меѓународниот договор со Грција околу ОКТА.

Партијата Левица, чиј дел од раководството е и професорот Апасиев, веќе најави дека пред Уставниот суд на Македонија ќе покрене иницијатива за проверка на уставноста на Законот за ратификација на договорот меѓу Македонија и Грција за името.

Во 2002 година Уставниот суд еднаш веќе укина билатерален, односно меѓународен договор меѓу двете земји. Тогаш уставните судии пресудија дека билатералниот договор за нафтоводот на ОКТА, потпишан во 1999 година меѓу македонската и грчката влада бил неуставен.

Овој договор обезбедуваше монопол на ОКТА во снабдувањето на нафтени деривати преку нафтоводот, што според судот беше правен акт, закон, кој не беше во согласност со Уставот.

 

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе