Нов Устав, ново образование

Уставни измени, нови учебници, химната ја нема, има песнички со Северна Македонија

По уставните измени, од Министерството за образование објаснуваат дека е донесена нова програма, па на пример химната на Македонија по музичко образование нема да се учи, туку децата ќе учат песни од етничките заедници во земјава. Во Преспанскиот договор нема ваква одредба, па останува нејасно зошто е ова сторено.

По објавувањето на информацијата дека химната нема да се изучува и по појавувањето на некои нови песнички со „Северна Македонија“, јавноста е навистина изреволтирана од ваквата сервилност на македонските власти.

Анкица Витанова, од Бирото за развој на образованието за некои медиуми даде изјава дека химната нема да ја има во учебникот по музичко образование бидејќи програмата е изработена во периодот по уставните измени.

Во Преспанскиот договор никаде не стои дека е превдидена промена на химната или пак забрана за изучување на македонската химна во образованието. А и владините претставници секогаш изјавуваа дека химната не претставува проблем.

Е, ама некој протолкувал дека со новите уставни измени химната и може да биде проблем.

 

Еве уште еден пример. Офф.нет објавува песничка за татковината за прво одделение. И тука татковината е пишана како Северна, „пошто од нивните пријатели од Грција научиле дека труењето е најефикасно ако се почне од мали нозе“, пишува порталот.

Во очекување сме и на резултатот од преговорите на македонските експерти со грчките и бугарските за Гоце Делчев, за Античка Македонија, за Егејска и Пиринска Македонија... Во Бирото за развој на образованието очигледно е дека ќе имаат уште многу работа во однос на „развојот“ што нѐ очекува.

А.Д.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе