Новa правна компликација

Уставен суд вели дека важењето на владините уредби завршува со прекинот на вонредната состојба

Целата оваа правнички навистина испомешана ситуација, техничка Влада, немање Собрание, носење уредби си законска сила, почнат. па прекинат изборен процес уште повеќе се комплицира со решението на Уставниот суд од 28 април. Во ова решение (У.бр45/2020) се вели дека уредбите со законска сила на Владата траат само до завршување на вонредната состојба.

Во едно од решенијата на Уставниот суд поврзани со важноста на владините уредби се вели дека: „Имајќи ги предвид напред изнесените уставни и меѓународно-правни правила за содржината на правните акти и правните норми во случај на вонредна состојба, Судот утврди дека уредбите со законска сила донесени од Владата на Републиката во случај на вонредна состојба (!) мораат да бидат во согласност со причината поради која е утврдено постоење на вонредна состојба, (!) не смеат да излегуваат надвор од причината за вонредната состојба и да навлегуваат во другите правноуредени односи и (!) траат само до завршувањето на вонредната состојба.“

Владата за овој период од прогласена тримесечна вонредна состојба во Македонија, донесе повеќе од 200 уредби со законска сила. Од ова може логично да се заклучи дека сите уредби донесени од 15 март, од денеска престануваат да важат. Вчера заврши последната 14 дневна вонредна состојба, а претседателот на државата Стево Пендаровски не прогласи нова, ниту пак Владата предложи продолжување на вонредната состојба.

Ова всушност значи дека од денеска, со престанувањето на вонредната состојба, престануваат да важат уредбите, а тоа значи и уредбата за пропишување на рокови за изборниот процес, уредбата за задолжително носење на маски, уредбата за забрана за собири…

Според член 126 став 1 од Уставот, „при постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила.“ Во ставот 2 од истиот член се определува дека „овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието.“

„Од изнесените уставни одредби произлегува дека (!) Владата на Републиката има уставно овластување да донесува уредби со законска сила во случај на вонредна состојба, дека (!) тие уредби во таков случај мора да бидат во согласност со Уставот и со закон и дека (!) траењето на уредбите со законска сила завршува по престанокот на вонредната состојба“, толкува Уставниот суд.

За овој случај, пишува во решението на Уставниот суд, правно релевантен е и член 15 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, која одредба се однесува токму за „случај на вонредна состојба“. Конвенцијата, пак, се наведува затоа што треба да се смета за (!) дел од позитивниот уставно-правен поредок на Републиката и тоа (!) веднаш под Уставот и над домашните закони (член 118 од Уставот), како и дека е (!) темелна вредност на уставниот поредок на Републиката (член 8 став 1 алинеја 11 од Уставот).

Според член 15 став 1 од Конвенцијата, „во случај на воена или некоја друга општа опасност, која го загрозува животот на нацијата, секоја Висока страна договорничка (држава) може да преземе мерки кои отстапуваат од обврските предвидени со оваа Конвенција, и тоа строго во согласност со барањата што ги наложува ситуацијата и под услов таквите мерки да не бидат со спротивност со другите обврски што произлегуваат од меѓународното право.“

Уставниот суд утврди дека уредбите со законска сила донесени од Владата во вонредна состојба мораат да бидат во согласност со причината поради која е утврдено постоење на вонредна состојба, не смеат да излегуваат надвор од причината за вонредната состојба и да навлегуваат во другите правноуредени односи и траат само до завршувањето на вонредната состојба.

А.Д.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе