На иницијатива на Левица

Уставен суд одлучи: Вицепремиерите Османи, Шекеринска, Спасовски, Анѓушев и Лика ќе имаат пониски плати

Потпретседателите на Владата, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Бујар Османи и Хазби Лика, според одлуката на Уставниот суд, од наредниот месец ќе имаат пониска плата.

Иницијативата пред Уставен суд ја поднесе партијата Левица и според одлуката, функцијата потпретседател на Влада не постои во правниот поредок на Република Македонија, па нивната плата ќе се пресметува по коефициент 3,70 од просечната плата, како што е случајот со останатите министри, наместо со коефициент 4,00 како што беше до сега бидејќи се укинува дел од членот 14 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците.

„Правниот тим на Левица со усвоената иницијатива од страна на Уставниот суд на РМ, успеа да го укине коефициентот за плати на непостојната функција вицепремиер. Со ова, петтемина ‘потпретседатели на Влада’, Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика остануваат со помали плати во иднина“, напиша Димитар Апасиев од Левица  на неговиот Фејсбук профил.

Тој најави дека следна цел на партијата ќе биде укинување на апанажата на јавните функционери.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе