Неколку иницијативи на дневен ред на седницата

Уставен ќе расправа дали вработените во МНР може да имаат јавен настап без одобрение на министерот

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 36. седница на чиј дневен ред е разгледување на шест иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права.

Уставните судии ќе расправаат за иницијативата за оспорување на Законот за стратешки инвестиции („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.14/2020) во целина, како и неговите член 11 став 1 точка 6 и член 15 став 5 во деловите: „како и предлог закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект," и „и предлог законот од овој член", став 6 во делот: „и го утврдува текстот на предлог законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект" и став 8 во делот: „по влегувањето во сила на законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект," и член 17 став 1 во делот: „ќе се издаваат во рокови утврдени со закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект."

Според подносителите на иницијативата, здружението на граѓани „Ековита" од Неготино, со оспорените одредби е предвидена реализацијата на стратешките проекти кои ќе се стекнат со овој статус согласно овој закон со посебен закон.

Тие сметаат дека ова е противуставно затоа што овластувањето за донесување на закони може да произлезе само од Уставот, но не и врз основа на закон и наведува дека е во спротивност со членот 8 од Уставот и владеењето на правото како една од темелните вредности.

Подносителот смета дека оспорените делови од ставовите 6 и 8 од член 15 од Законот се спротивни и на член 71 став 1 од Уставот, според кој право да предлага донесување на закон има секој пратеник во Собранието, Владата и најмалку 10.000 избирачи. Според подносителот, од овие законски одредби произлегува дека единствено Владата може да биде предлагач на закон за реализација на стратешки инвестиции, додека, другите двајца овластени предлагачи на закони, утврдени со Уставот, се исклучуваат.

„Со овој Закон се фаворизираат одредени инвестиции наведува подносителот и дополнува дека не се во насока на зачувување на природата и животната средина, ниту во насока на заштита на здравјето на луѓето“, наведуваат подносителите и како пример за ова свое тврдење, ја наведуваат инвестиција од 350 милиони евра за горење на отпад од 48 општини која на ваков начин ќе стане монопол на пазарот.

Уставниот суд ќе ја разгледува и иницијативата на Oливер Давидовски со која е оспорен член 19 став 16 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр.275/2019, 14/2020, 215/2021и 99/2022), кој гласи „Против одлуката на Комисијата незадоволниот административен службеник може да поднесе тужба пред надлежен суд во рок од 15 дена од денот на нејзиниот прием."

Според наводите во поднесената иницијатива, со оспорениот став 16 на член 19 од Законот за административни службеници не се дадени никакви други дополнителни материјални критериуми со помош на кои поблиску би било определено кој е тој „надлежен суд" пред кого незадоволниот административен службеник може да поведе постапка, односно да поднесе тужба и да побара правна заштита. Подносителот на иницијативата смета дека вака дефинираната законска одредба создава нејаснотија во практиката и остава можност за различно толкување на тоа кој суд е надлежен да постапува против одлуките на Агенцијата.

Синдикатот на полицијата на Македонија од Велес, пак, го оспорува член 219 став 2 од Колективниот договор на МВР („Службен весник на Република Север- на Македонија" бр.149/2021), кој гласи „Прекинот на постапката во случаите од ставот (1) алинеи 1 (работникот против кого е поведена дисциплинска постапка се разболел непосредно пред или додека трае дисциплинската постапка, што се докажува со отворено боледување од матичен лекар) и 2 (комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност ќе одлучи да решава по некое претходно прашање или ќе побара од надлежен орган да и достави веродостојни исправи и информации за чие изготвување е потребно подолго време) на овој член, може да трае најдолго една година".

Според подносителите на иницијативата, постапката за утврдување на дисциплинска одговорност има кратки рокови кои се преклузивни и не можат да се пролонгираат (пример, решението за изрекување на дисциплинска мерка министерот го донесува во рок од шест месеци од денот на пријавувањето на повредата на работниот ред и дисциплина, а најдоцна во рок од дванаесет месеци од денот кога е сторена повредата). Ова образложение подносителот го темели на одговорот што го добиле од Министерството за внатрешни работи (Биро за јавна безбедност – Оддел за заеднички работи и управување со човечки ресурси), на нивното барање за прекин на постапките за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност за време на траење на кризата Ковид-19.

Судот ќе расправа и по иницијативата на Синдикалната организација „Македонски Дипломатски Синдикат", преку претседателот Зоран Дабиќ, со која се оспорува член 17 став 2 од Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и други лица што вршат работи во и за Министерството за надворешни работи, бр.01-5710/1 од 1 јули 2013 година, донесен од министерот за надворешни работи, кој гласи: „Вработениот не може да има настап во јавноста ако за тоа претходно не добил дозвола од министерот за надворешни работи".

Подносителот на иницијативата наведува дека со член 17 став 2 од Етичкиот кодекс се прекршува член 16 став 2 од Уставот со кој „се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање." Дополнително во иницијативата се наведува дека: „членот 17 став 2 од Етичкиот кодекс е противуставен и не смее да биде оставен на сила бидејќи доколку се стори истото, му се дозволува на Министерот за надворешни работи да дејствува надвор од правната рамка на државава и да се поставува над Уставот како суверен којшто дозволува или не, јавен настап и слобода на говор.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе