Трета пресуда за постапките на СЈО

Условна казна за Лазаров, обвинетиот кој ја призна вината во случајот со насилството во општина Центар

Судијката Татјана Михајлова му изрече условна казна на обвинетиот Томислав Лазаров за насилството во oпштина Центар, предмет на Специјалното јавно обвинителство во кој првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски. Ова е трета пресуда за постапкати кои ги отвори СЈО, а втора која е правосилна. Во фаза на жалбена постапка е пресудата за случајот „Тврдина 2“ со која на бегалецот Горан Грујевски му беше изречена казна затвор во траење од една и пол година, а на шесте обвинители службенички од УБК, условни казни.  

Според одлуката на судот, Лазаров нема да помине шест месеци во затвор доколку во наредните две години не стори ново кривично дело. Судијката Михајлова при објавување на одлуката рече дека предвид биле замени отежителните и олеснителните околности.

Како олеснителни околности при одлучување за пресудата, судијката Михајлова ги зела предвид признанието, каењето и ветувањето на Лазаров дека нема да изврши ново кривично дело. При одмерување на висината на казната судот направил проверка на признанието кое обвинетиот го дал и утврдил дека Лазаров признал вина по споствена волја и без притисок.

Меѓу олеснителните околности за судот се и оние дека Лазаров е млада личност, семеен човек, татко на две малолетни деца, до сега е неосудуван и не се води постапка за друго кривично дело. 

Како отежителни околности судот ги ценел тоа што кривичното дело насилство е сѐ позачестено, тежината на ова кривично дело како и последиците од сторувањето на истото.

Судијката Михајлова изрази надеж дека во иднина Лазаров нема да стори ниту вакво, ниту друго кривично дело.

Адвокатот на Лазаров, Димитар Дангов во судница рече дека за правото на жалба ќе одлучат откако ќе ја добијат пресудата во писмена форма. Но, Лазаров се спротивстави на ова и рече дека без оглед на тоа што го зборува неговиот адвокат, тој се откажува од правото на жалба и уште еднаш повтори дека се кае и дека никогаш нема да стори вакво кривично дело.

Лазаров пред медиумите не сакаше да коментира околу изречената пресуда и образложи дека на новинарските прашања нема да одговори за да не им наштети на другите обвинети сопартијци.


Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека Лазаров ја искористил шансата која законот му ја дава да признае вина што нема да важи за останатите обвинети кои согласно законот веќе немаат право на тоа.

 К.Д. 

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе