Собраниската седница продолжува денеска

Уште тројца пратеници пријавени за збор за францускиот предлог

Седницата на Собранието на Македонија на која се расправа за францускиот предлог, треба да продожи со работа денеска во 11 часот, а на списокот на пријавени за збор се останати уште тројца пратеници. Вчерашната расправа претседателот Талат Џафери ја прекина во 22 часот. Последен за дискусија синоќа беше пратеникот Димитар Аласиев, по што му реплицираа неколкумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Расправата во текот на вчерашниот ден беше исполнета со тешки зборови и квалификации на сметка на противничкиот табор, на моменти беше на работ на инциедент.

Во еден момент малку недостасуваше да дојде до физичка пресметка помеѓу Димитар Апасиев, лидерот на Левица и пратеникот Мартин Костовски. По некакво дофрлување на „некаков“ збор еден на друг, за „влакно“ не дојде до физичка пресметка помеѓу нив. Можеби и тоа ќе се случеше доколку Горан Мисовски не го сопре Апасиев со „другарско“ опфаќање околу рамениците од една страна, и Арбер Адеми на истиот начи кон Костовски.

Навредите потоа и двајцата си ги продолжија преку Фејсбук.

Дебатата се одвиваше и во текот на вечерните часови со бројни меѓусебни навреди помеѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, проследена со бучавата на вувузелите додека реплицираа пратениците од СДСМ.

Потоа збор доби Апасиев кој оцени дека францускиот предлог е најлош досега и дека тој е резултат на неуспешната дипломатија предвoдена од Бојан Маричиќ и Бујар Османи. Тој им се обрати на владејачкото мнозинство:

„Како мали деца ве лажат со лижавчиња и ви измислија двофазно условно отворање на почеток на преговори. Ви измислија без преседан политичка меѓувладина конференција. Не постои такво нешто во европско право. Промена на Устав пред да ги почните преговорите – тоа само покажува дека ЕУ нема визија за Западен Балкан и ќе нѐ вози 30 години. Историјата влегува во дел од рамката и за прв пат македонскиот јазик , кој што е кодифициран со АСНОМ, кој што е меѓународно признат преку ООН, за прв пат со унилатерална изјава влегува во меѓународна организација со наша согласност – што е најголемиот апсурд. Со вакви дипломати толку можеме, за жал“.

Апасиев им се обрати на Албанците политичари, упатувајќи ги на историски факти дека бугарските фашистички окупатори во Втората светска војна направиле големи ѕверства врз обичните луѓе Албанци и притоа им наведе десетици имиња на убиени Албанци. Ги повика пратениците Албанци да размислат добро пред да гласаат, затоа што, како што рече, ги добиле правата во Македонија и имаат разбирање за нивните национални чувства од Македонците, и дека сега треба на истиот начин да се однесуваат кон чувствата на Македонците.

Апасиев нагласи дека Македнците како мнозинство во парламентот ги овозможиле правата на Албанците, а дека сега Албанците во парламентот, иако немаат етничко мнозинство, имаат можност со гласање против да излезат во пресрет на Македонците. На крајот порача да не се паѓа со духот: „Еднаш ги победивме фашистите, ќе ги победиме повторно“.

Потоа до 22 часот за реплика на Апасиев, освен Дарко Каевски од СДСМ, се јавуваа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои практично, ја дополнуваа неговата дискусија. 

„Апасиев е патриот на батерии, рубља фраер кој станува нервозен и сака да се тепа затоа што тоа што требаше да го направи не го исполни, односно сценарио кое требаше да ја дестабилзиира државата да создаде хаос и да иницира меѓуетнички тензии  И во сето тоа, негов партнер е, кој друг ако не, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев е патриот на батерии затоа што повикуваше на радикализација, а поттикнува млади момчиња по 18 години да фрлаат сѐ и сешто кон полицијата, кон Собранието а потоа се жали дека му уфрлувале луѓе“, рече Каевски, според кого Апасиев и Левица одработуваат за туѓи интереси кои не ѝ мислат добро на државата.

Оваа држава ќе биде дел од ЕУ, сакале вие или не, со чист македонски јазик и идентитет, рече Каевски.

Денеска, доколку биде исцрпена расправата по францускиот предлог (Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка) ќе се гласа, а за да помине овој предлог доволно е да гласаат 61 пратеник, под услов од нив ЗА да гласале 42 пратеници. Коалицијата на СДСМ, заедно со партиите на Албанците, го има потребниот број на гласови, под услов пратениците,  од овие клупи, кои се народни избраници, да го следат партискиот став.

 

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе