Инаку, на функцијата министер за земјоделство беше Арјанит Хоџа од Движењето Беса, кој поднесе оставка откако Беса најави дека ќе ја напушти Владата, додека Николовски, кој е вицепремиер за борба со криминалот и корупцијата во заминување, е избор на мандатарот Димитар Ковачевски за ресорот земјоделство.
До полноќ во Собранието на Македонија треба да се гласа за избор на нова Влада, за што е потребно мнозинство од 61 пратеник. Владејачкото мнозинство брои 64 пратеници.