Свеста на најниско ниво

Уште една забава во „затворениот” Мош, продолжуваат и свадбите

И покрај кривичната пријава за пречекорување на работното време за кафе-барот „Мош” во центарот на Скопје, локалот и синоќа повторно непречено работеше со уште една забава иако таму пристигнале 50-тина полицајци.

Полицајците, како што пишува 360 степени, синоќа влегле во „Мош“ и им посочиле на вработените да ги оддалечат масите и да отстранат дел од инвентарот, односно да постапат согласно со протоколите и да обезбедат дистанца. Но кога инспектрите заминале од локалот, сопствениците повторно ги вратиле масите.

Дел од медиумите синоќа јавија дека локалот работи и тоа со многу гости и гласна музика, како и дека повторно настапува Владо Георгиев. Поради тоа, сега е поднесена и кривична пријава за загрозување на јавното здравје, а сопственикот е казнет со 4.000 евра.

Директоротна Државниот инспекторат, Стојко Пауновски, изјавил за „360 степени“ дека следната недела кафе-барот ќе биде затворен 10 дена. Според него, има десетици локали кои постојано ги прекршуваат протоколите. Така вчера инспекторите налетале на седум свадби во угостителски објекти во Скопје, Тетово и во Струга, каде што во еден локал на два ката, во исто време се одржувале две свадби, со по 200 гости.

Рестораните „Престиж“ во Струга, „Мирко 919“ и „Буши“ во Скопје се само дел од оние во кои вчера имало свадби, и покрај забраната за организирање прослави, поради епидемијата со ковид-19.

„Бројот на новозаразени секојдневно расте, епидемиолошката состојба е се полоша, но свеста кај граѓаните е на најниски гранки. За жал не помагаат казните”, вели Пауновски. 

 

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе