Уште една нота на МНР: Македонија очекува Бугарија да се огради и да ги осуди иредентистичките изјави на Костадинов од Преродба

Изразуваме крајно незадоволство од содржината на изјавата на пратеникот и лидер на политичката партија Воздраждане (Преродба) Костадин Костадинов во која јавно изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Македонија, се вели во вербалната нота која Министерството за надворешни работи на Македонија ја упати до Софија преку амбасадата на Бугарија во Скопје. 

„Го повторуваме апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на интенцијата на двете држави го почитуваа и да го негуваат духот на Договорот за пријателство и добрососедство, во насока на создавање блиски и пријателски односи базирани на меѓусебна почит и соработка. Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи“, се вели во нотата на македонското Министерство за надворешни работи.
Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Република Бугарија само ги повтори програмските определби на неговата ултранационалистичка партија за анектирање на територијата на Македонија во една бугарска држава. Оваа партија со оваа програма без никакви проблеми и реакции настапи на последните избори во Бугарија.

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе