Кривична пријава против Ивановска

Уште еден член на поранешниот кабинет на Иванов е незадоволен од работата на претседателката на ДКСК

Синиша Алексовски, член на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, исто како и неговиот поранешен шеф смета дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Биљана Ивановска не си ја врши најдобро работата. Алексовски на 26 ноември поднесе кривична пријава против Ивановска и Јасминка Цветковска од ДКСК за кои смета дека ја злоупотребиле службената положба со донесување на одлука за запирање на постапката против Еролд Муслиу, актуелен директор на Агенцијата за разузнавање.

Алексовски порано беше заменик директор на Агенцијата за разузнавање.

Тој смета дека со одлуката на ДКСК за запирање на истрагата во случајот за невладината организација Нексус на сопругата на Муслиу е класична злоупотреба на службената положба.

Во пријавата Алексовски вели дека спротивно на член 31 од Законот за Агенција за разузнавање Васко Шутаров, вработен во агенцијата, вршел активност како истражувач во НВО Нексус директно поврзана со неговата службена должност и за тоа добивал хонорар.

„ДКСК нема извршено разговор со Шутаров ниту пак го повикала тогашниот директор на АР Зоран Иванов за да го потврди исказот на Шутаров дека усно му било дозволено да работи и за НВО Нексус.

Спротивно на членот 54 и членот 62 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Еролд Муслиу доверил возило на претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, Даница Чадиева, орган кој одлучува за жалби на неговите решенија за работни спорови. ДКСК констатирала дека отстапувањето на возилото на Агенцијата за разузнавање е со склучен договор за определено време за потребите на Државната комисија. Возилото на Агенцијата е донација од странски партнер и како такво се користи само за точно определена намена“.

Во пријавата се споменува и вработувањето во Агенцијата за разузнавање на братот на државниот правобранител Фехми Стафа, кој ја застапува Агенцијата пред Управен суд за тужби од вработените во Агенцијата по основ на загрозување на работен однос и други работни спорови.

ДКСК на 2 октомври во врска со предметот против Еролд Муслиу реши да покрене иницијатива за донесување нов закон за Агенција за разузнавање, нови подзаконски акти за уредување на сите прашања за вработување, унапредување, мобилност преку оценување, распоредување или преземање.

Ивановска тогаш изјави дека со тоа се запира постапката по предметот по неколку пријави поднесени за директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Еролд Муслиу. Според Ивановска, ДКСК долго работела по овие пријави за да се направи опсежна анализа, затоа што, како што кажа, станува збор за многу чувствителна позиција.

Вчера Иванов упати писмено барање до претседателката на ДКСК за доставување на информација за состојбата, статусот на отворените предмети кои ги води ДКСК за него, предмет за потпишување укази за унапредување на генерали за време на изборен процес и предмет за зголемување на имотната состојба, за кои и покрај изминатите 20 месеци не е преземено ништо согласно законските утврдени рокови.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе