Претседателски избори април 2019

Уште 4 дена од кампањата, денеска Сиљановска во Аеродром и Гази Баба, Пендаровски во Гостивар

Кандидатите за претседател на државата и денеска во рамки на кампањата ќе ги претстават своите изборни програми на средби со граѓани и митинзи.

На 16-от ден од кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска Давкова ќе одржи митинзи во скопските општини Аеродром и Гази Баба. Кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски ќе биде на митинг во Гостивар. Пендаровски претходно ќе има и средби со граѓаните на Врапчиште, Маврово Ростуша, Центар Жупа, Дебар и на Кичево.

Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април на полноќ по што ќе следи 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

Тројцата кандидати за претседател на државата ветија мирна и фер кампања со посета на речиси сите населени места.

Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА првиот митинг го одржа во Скопје, Сиљановска-Давкова ја почна кампањата од Охрид, а Пендаровски од Прилеп. 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе