Управниот суд денеска ќе ги разгледува тужбите од Левица, СДУ и МОРО Работничка партија

Управниот суд денеска треба да ги разгледува тужбите на Левица, СДУ и на МОРО Работничка партија, на одбиените приговори од Државната изборна комисија за парламентарните избори одржани на 15 јули, објавено е на веб страницата на Судот.

Управниот суд вчера ги одби тужбите од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и тужбата на Интегра. Во текот на вчерашниот ден две тужби против одлкуките на ДИК поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, пристигнати се и две тужби од партијата Демократи, една од Единствени за Македонија, односно коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија”, и една од МОРО Работничка партија. Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија за отфрлање или одбивање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори.

Управниот суд, според роковникот за изборни дејствија, е должен да донесе одлука најдоцна 60 часа од приемот на тужбата. По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот суд за заштитата на избирачкото право, ДИК согласно законот ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници, а крајниот рок за одржување конститутивната седница на Собранието е 4 август.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе