Управата за извршување на санкции тврди дека во ниеден затвор нема осуден или притворен заболен од коронавирус

По директорот на најголемиот затвор во државава, и Управата за извршување на санкции потврдува дека нема заболени осудени и притвореници лица во затворите во државава. Од таму велат дека превземени се сите мерки за одржување на високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита.

„Управата за извршување на санкциите веднаш по препораките на Владата од 10.03.2020 година донесе Наредба со која од 11.03.2020 се забранети контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет, а исто така превземени се сите мерки за одржување на високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита. Новодојдените лица се сместуваат изолирано се до моментот кога ќе се утврди дека во периодот на инкубација, не пројавиле симптоми на болеси. Сите вработени во казнено-поправните установи исто така ги почитуваат препорачаните мерки за заштита при меѓусебните контакти и контактите со осудените и притворените лица. Доколку во било која казнено-поправна установа се појави случај со потврдена дијагноза од овој вирус, медиумите ќе бидат известени за истото и за превземените мерки кои секако ќе бидат во согласност со препораките", велат од Управата за извршување на санкциите.

 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе