Денеска во просториите на Министерството за внатрешни работи од Претставништвото на УНХЦР, Високиот комесаријат за бегалци при ОН, беше извршено предавање на донација на компјутери, што се состои од 46 компјутери (41 персонален компјутер и 5 лаптоп-компјутери) за потребите на Граничната полиција, во вредност од 2,5 милиони денари.
По церемонијата на примопредавање на компјутерите претставничката на УНХЦР Моника Сандри изјави дека организацијата им помага на државите и партнерите да развијат ефикасни системи за азил и за управување со миграциите кои ги земаат предвид потребите за заштита на лицата во движење.
„Граничната полиција, како државна служба која е прва во контакт со лицата во движење, мора да биде опремена за да ги идентификува лицата кои би можеле да имаат потреба од меѓународна заштита. Со оваа донација се зајакнува дигиталниот институционален капацитет за регистрирање на лицата кои се дел од мешани движења, вклучувајќи баратели на азил, како и олеснување на учеството на граничната полиција во онлајн обуки и средби, кои ќе имаат за цел подобрување на заштитата на лицата на кои им служиме", рече Сандри.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се заблагодари за континуираната поддршка што УНХЦР, Агенцијата за бегалци при ОН му ја дава на министерството во справувањето со мешаните миграциски движења